Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти -„Архитектурата утре“

Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти -„Архитектурата утре“

Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија со задоволство ја најавуваат Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти, која оваа година ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 28. и 29. ноември 2025 година.

Под наслов „Архитектурата утре“, средбата ќе отвори простор за разговор за иднината на архитектурата и урбанизмот, за новите предизвици што ги носат современите технологии и дигитализацијата, како и за улогата на архитектите и урбанистите во современиот контекст.

Преку предавања, панел дискусии, презентации на реализирани проекти и истражувања, како и преку неформално вмрежување и размена на идеи, настанот ќе понуди можност за поврзување на професионалците од целата држава и гостите учесници на средбата.

Со оваа средба, Комората четврта година по ред (Годишна средба 2022, 2023, 2024/прв ден, 2024/втор ден) ја продолжува традицијата на градење и унапредување на архитектонската заедница, поттикнувајќи критичка мисла, креативност и визија за иднината на професијата.

Повеќе информации за програмата, предавачите и начинот на пријавување ќе бидат објавени наскоро на официјалната веб-страница на Комората.

📅 Датум: 28–29 ноември 2025 година (петок и сабота)
📍 Место: Офицерски дом, Битола
🎯 Тема: Архитектурата утре