На 30 Ноември 2024 година (сабота), во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери под мотото „Граници на архитектурата“ успешно се реализираше вториот ден од дводневниот настан од Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Офицерскиот дом во Битола.
Модераторот на втортиот ден Надица Ангова Колевска, ги поздрави присутните и го покани Љубомир Трајчев, претставник на средбрениот спонзор на настанот, БИМ АД Свети Николе да ја претстави компанијата со кратка презентација. По завршувањето на презентацијата започнаа стручните презентации од гостите предавачи, и тоа: Тања Шундовска од Македонија, Јасмина Кнежиќ од Црна Гора и Драган Крстевски со перспективите а неговата работа во Англија.
По одржаните презентации започна панел-дискусијата „Архитектонски пат: Од концепт до реализација“ во која модераторот Надица Ангова Колевска имаше прилика да поразговара со Јасмина Кнежиќ, Татјана Шундовска и Драган Крстевски.
Паузата беше искористена за вмрежување и за разгледување на веќе поставената и отворена изложба „Атлас на македонската модерна архитектура“.
Пред почетокот на попладневната сесија, средбрениот спонзор ФРОНТ Груп одржа тематска комерцијална презентација за своите материјали и референтни спроведени проекти.
Настанот продолжи со спроведување на две тркалезни маси.
Тркалезната маса на тема „Урбанистичко планирање на градови за иднината“ беше модерирана од Надица Ангова Колевска, а во истата учество зедоа Olivier Richard, Дивна Пенчиќ, Јулијана Ставревски и Скендер Палоши. Тие ги споделија своите гледишта за значењето на урбанистичкото планирање од академски и практичен аспект на локално и државно ниво, како и за начините за финансирање на оваа значајна дејност.
Во продолжение се одржа тркалезната маса на тема „Можности за интеграција на алатките за урбанистичко планирање и системите со кои управува Агенцијата за катастар на недвижности“ која беше модерирана од Лиљана Најдовска, заедно со учеството на Натали Ташевска-Гулевска, Илија Беличоски и Билјана Ајтарска.
Дводневната средба претставуваше исклучително доживување на кое се споделија безброј корисни информации, и се остварија во целост статутарните определби на Комората, како што се афирмирање на архитектонската и инженерската професија, размена на позитивни практики во земјата и странство и јакнење на капацитетите на членовите на Комората. Позитивните впечатоци само по себе се доказ дека средбата во Битола е веќе високопрофилирана и етаблирана активност која во вистинска смисла станува традициона.
На крајот на собирот, Претседателката на Комората м-р Чулак го им се заблагодари на присутните, ги поздрави почесните гости, им се заблагодари на подржувачите и кажа дека поентите од дискусиите, забелешките и иницијативите добиени во рамките на оваа средба, ќе бидат сумирани во форма на заклучоци и ќе бидат споделени во најскоро можно време.
Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти се реализираше со несебичната поддршка од пријателите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, и тоа: Општина Битола, ЈОУ Културен и информативен центар Битола, НУ Завод и Музеј Битола, УКИМ, Архитектонски факултет, Knauf, Стентон градба Битола, БИМ АД Свети Николе, FRONT Group, Архитектон дизајн Битола, EVEREST, Порта 3 и МАРХ. Кликни за повеќе детали
Фотогалерија: