По успешно организираните стручна дискусија на тема Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини во 2021 година и Првата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во 2022 година, Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти оваа година ја организираат Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Средбата ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 01. декември (петок) и 02. декември (сабота), 2023 година.
Темата околу која ќе гравитираат презентациите и панел-дискусиите на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти е актуелна во контекстот во кој дејствуваме денес. Истата носи наслов „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“.
На настанот покрај присуство на архитекти и архитекти урбанисти од целата држава, како и општествениот естаблишмент, своето присуство го потврдија и гости од регионот и Европа.
CALENDAR OF EVENTS
Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
---|---|---|---|---|---|---|
1
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
| |
8
|
9
|
10
|
11
|
12
|
13
|
14
|
15
|
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS