„Модерни системи за градежна техника – РЕХАУ површински системи за греење и ладење“
Површинските системи за греење и ладење греат/ладат по пат на зрачење. Нивни класични претставници се системите за: подно, ѕидно и таванско греење/ладење.
Подното греење ја загрева рамномерно целата површина на подот и тоа на незначително повисока температура од амбиентно потребната. Сите делови од просторијата се подеднакво загреани, при што температурната распределба е најблиска до идеалната. Нозете и телото се пријатно загреани додека главата, дишните органи и повисоките слоеви од воздухот во просторијата не се изложени на висока температура (Топли нозе – Бистра глава). Притоа не се троши непотребно енергија за загревање на повисоките слоеви од воздухот во просторијата.
За целосна удобност пак во услови на ладење, иделана е комбинацијата на подно со ѕидно и/или таванско ладење. Пријатното разладување од плафонот овозможува воздухот кој се разладува горе, полека да почне да паѓа надолу без да предизвика силни струења на воздухот. Крајниот ефект е невидливо и удобно ладење или т.н. „Нежно ладење“. Отсуството на ветер (дување), штетни вибрации и присилено движење на прашината овозможува целосно пријатно и медицински оправдано чувство на престој во просторијата. Со комбинација на овие системи со топлински пумпи се постигнуваат врвни резултати на енергетска ефикасност.
Кога еден систем за греење/ладење е енергетски ефикасен, а истовремено „невидлив“ и создава удобен и здравствено оправдан амбиент.
CALENDAR OF EVENTS
Mon | Tue | Wed | Thu | Fri | Sat | Sun |
---|---|---|---|---|---|---|
1
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
| |
8
|
9
|
10
|
11
|
12
|
13
|
14
|
15
|
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS