Нови технологии и интеграција на безбедносните и сигурносните системи
Примената на новите технологии често значајно го поевтинува и поедноставува имплементирањето и одржувањето на безбедносните и сигурносните системи, а на корисниците, покрај многуте дополнителни безбедносни функции, им овозможува и квалитативно подобрување во организацијата
на работењето. При нивниот избор важно е да се води сметка за можноста за интеграција на различните системи, со оглед дека нивното координирано користење значително го олеснува работењето со системите при тоа зголемувајќи го нивото на сигурност. При проектирањето и изборот на опремата, а посебно кога станува збор за безбедносните системи особено е важно да се внимава на нивната прилагоденост со важечките прописи и европските норми. Ова е од особено значење при заштитата на комерцијалните објекти во кои се одвиваат активности, кои од аспект на сигурноста, се сметаат за
високоризични. Ваквите примери се посебно застапени во финансискиот, трговскиот, хотелскиот, индустрискиот и јавниот сектор.
Цел:
Цел на презентацијата е претставување на новите технологии кои се користат во безбедносните и сигурносните системи, а кои овозможуваат меѓусебна софтверска интеграција и централизација што е особено важно при надгледувањето и управувањето со големи и комплексни објекти. Освен
технологиите, намерата е и да се пренесат инфрмации за европските норми со кои овие системи се усогласени, но и да ги запознае учесниците со новите и подобрени функционалности на уредите кои се користат како и влијанието на овие функционалности при проектирањето.
АГЕНДА
10:30 - 11:00 Регистрација на ученици
11:00 - 11:45 Безбедносни системи на големи објекти (45'), Рената Дончевиќ, дипл. ел. инг, Аларм аутоматика д.о.о., Риека
Системи за автоматска дојава на пожар и присуство на гасови, паничното осветлување, одведувањето на дим и топлина и евакуациски разглас. Европски норми и проектирање: EN54, EN12094, EN12101, EN 50545, EN60849, VDE 0833. Нови технологии во класичните, IP и безжичните
системи. Функционалност на уредите. Интеграција на безбедносните системи за големи објекти.
11:45 - 12:30 Сигурносни системи и нивна интеграција (45'). Илија Павлески, дипл. ел. инг., Аларм аутоматика ДООЕЛ, Скопје
Нови технологии во сигурносните системи: видеонадзор – Direct IP, H.265 компресија, 4K резолуција, видеоаналитика; електронска контрола на пристап – типови, терминали, евиденција на работно време, далечинско администрирање и управување, евиденција на посетителите;
заштита од кражба и неовластено влегување – IP технологии (VOIB, FlexIO, Janus), детекција на состојбата во средината, периметарска заштита, домашна автоматизација, KNX, EU норми и Grade 3 ниво на опрема. Функционалности на уредите.
12:30 - 13:00 Примери на интеграција на големи објекти (30'), Рената Дончевиќ, дипл. ел. инг, Аларм аутоматика д.о.о., Риека
Нивоа на интеграција на техничките системи. Софтверска интеграција и ABSistemDCi® софтвер.Примери на интеграција во хотелски, трговски, индустриски и јавни објекти.
13:00 - 13:15 Дискусија
13:15 - 14:00 Ручек
UPCOMING EVENTS
PAST EVENTS