Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

Pin It
Монографија - 10 години Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Монографија - 10 години Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Краток опис: Јубилеиите, на своевиден начин, се фатено време во просторот заради зачувување од заборавот на вредностите кои ни се битни. Тие се знак на поблиското или подалечното минато, а во нашиов случај тоа е десетгодишнината од работата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Дали 10 години се малку или многу работа, тешко е да се каже. Тоа е четвртина од работниот век на еден инженер.
Десетгодишнината од работата на Комората ја одбележуваме со издавање на оваа монографија, а јубилејот го обележавме и со голема прослава. Во празнотијата да се создаде дело, здание, творба. Да се исполни просторот и да се „оживее“ просторот. Да му се даде „живот“ на замисленото. Сето ова е фасцинантно и е фундамент што ги обединува сите архитекти и инженери – поривот да се создаде.
Од теорија до пракса, од проекти до практична реализација, од инженер почетник до врвот на професијата, од идеја до решение, „од ништо до нешто“. Токму вака може да се опише процесот на создавањето.
Потребата да се остави трага, желбата да се зачуваат многу факти, да се споменат многу учесници, збиднувања, случки. Желбата да се овековечи едно време во кое се создаваше и функционира нашата институција.... Така се создаде и оваа Монографија на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Со макотрпна, скоро едногодишна работа на уредувачкиот тим и со голема помош на членовите на актуелниот состав на Управниот одбор на Комората.
Оваа книга, во десет заокружени поглавја, ги набројува највредните резултати и настани во изминативе десет години.
Монографијата е во Вашите раце.

Комората продолжува со работа до својот нареден јубилеј ...
Скопје, февруари 2018

Преземи PDF
Брошура на Комората

Брошура на Комората

Краток опис: По повод десетгодишнината на Комората издадена е брошура која можете да ја преземете на линкот подолу.

Преземи PDF
Леток на Комората

Леток на Комората

Краток опис: Подолу можете да го преземете летокот со куси информации за Комората.

Преземи PDF
Монографија инженерски прстен

Монографија инженерски прстен

Краток опис: Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери доделуваат посебно признание на секој Претседател на државата кој го доделувал Инженерскиот прстен за поддршка на инженерството и на младите инженери.
Досега, вакво признание и плакета добија актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов и поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски. Овие посебни признанија се доделуваат на Претседателите како покровители на манифестацијата на која во изминативе 15 години се доделува Инженерскиот прстен на најдобрите студенти - инженери.

Преземи PDF
beleshki88 014

Белешки 88-014

Краток опис: Белешки 88-014 од Тихомир Стојков

Повеќе информации
Топлински мостови во градежни конструкции

Топлински мостови во градежни конструкции

Краток опис: Топлински мостови во градежни конструкции од Д-р Петар Николовски. Топлинските мостови се „најегзотичниот““” дел од градежната физика, бидејќи математичките процедури за пресметка на нивните физички параметри се многу комплицирани и бараат употреба на скапи софтвери, што во секојдневната практика за стручните лица претставува “невозможна мисија“. Затоа, проблемот се решава со каталози или атласи на топлински мостови, во коишто се пресметани основните физички големини на одреден број детали на топлинските мостови. Во повеќе европски земји постојат национални каталози на топлински мостови, но нивните детали се неупотребливи во земјите што лежат на трусни подрачја, какво што е подрачјето на Балканот и пошироко, целата југоисточна Европа.

Повеќе информации
Градови за луѓе

Градови за луѓе

Краток опис: Книгата насловена Градови за луѓе од Проф. Јан Гел од Данска се смета за една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот, и е преведена на 35 јазици. Оваа година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ја преведе и издаде книгата и на македонски јазик.
Професор Јан Гел е доајен на проектирањето на јавни простори и незаменлив филозоф кој се бави со градовите, а неговите домети се навистина глобални. Во своето 6 децениско творење, Јан Гел освен што e автор на бројни дела од областа на урбанизмот, предавал на Данската кралска академија и активно работел на урбанистичкото усовршување на Копенхаген, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Мелбурн, Сиднеј, Сан Франциско, Сиетл, Њујорк, Москва итн.

Повеќе информации