Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Стручна дискусија на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“

Стручна дискусија на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“На 10 декември 2021 година, во неодамна реконструираниот Офицерски дом во Битола, се одржа панел дискусија во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на тема “Регулирањето на процесот на градење во градските јадра прогласени за споменички целини”.

Преку овој настан како прв од серијата на идни планирани активности, Комората ја започна својата соработка со ИКОМОС во Македонија, Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети. Пред почеток на стручниот дел на настанот, двете институции тоа го потврдија со потпишување на Меморандум за соработка.

Информација од стручна дебата за новиот предлог текст на Законот за градење

04На 22 октомври 2021 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа Стручна дебата на тема новиот Предлог текст на Законот за градење. На собирот присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, професорот Мирослав Грчев, изготвувач на предлог законот, пратеникот Љупчо Балковски од Комисијата за транспорт и врски на Собранието на РСМ, претседателот на Комората, Кристинка Радевски, генералниот секретар на Комората, Димче Атанасовски, претставници на Управниот одбор на Комората и други поканети гости од техничките факултети, стручните комори, општини, здруженија и претпријатија, а модериран од страна на Љубица Ангелкова. Со цел овозможување на поголема транспарентност на дискусијата, собирот беше пренесуван во живо преку Facebook страната на Комората.

Повик на Регионалната канцеларија на UNDP

undp logoРегионалната канцеларија на UNDP, во рамките на проектот Создавање можности за работни места - Главна фаза, објави повик за Реконструкција - работи за замена на дел од покривот за мултифункционален центар во Гостивар. Повеќе детали и документи може да преземете на линковите подолу.

Повик на Регионалната канцеларија на UNDP-1

undp logoРегионалната канцеларија на UNDP, во рамките на проектот Подобрување на отпорноста кон поплавите во полошкиот регион, објави повик за Подготовка на план за урбана инфраструктура за регулирање на поројот во село Шипковица, општина Тетово. Повеќе детали и документи може да преземете на линковите подолу.