На 10 октомври 2018 година Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија оствари средба со претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инжинери на Република Македонија Проф.д-р Миле Димитровски. Претставниците на Македонската Франшизна Асоцијација за промоција на франшизата во Р. Македонија, го запознаа претседателот на Комората за можностите за вмрежување со домашни и меѓународни организации и едукација на сите заинтересирани правни и физички лица за франшизата како поим и како средство за бизнис дејствување, а со цел воведување и промоција на домашни и странски франшизи.
Беше оценето дека наведените можности се во корелација со активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија за воспоставување на соработка со професионални организации и здруженија, овозможување на континуиран професионален развој на своите членови и развивање на професионалната етика.
Беше заклучено дека дека идната соработка треба да се формализира со потпишување на соодветен меморандум за соработка, која ќе резултира во интерес на заедничкото делување и реализација на цели од заеднички интерес.
Повеќе информации за Македонската Франшизна Асоцијација на www.makfran.mk