ПРЕСИНГ | Година, 2013

Пресинг 13
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.13

НЕСТАНДАРДНА СТАНДАРДИЗАЦИЈА

Секое време нуди свои актуелни теми. Едно, не така дамнешно, во кое во мода беа социјализмот,
работничкото самоуправување, општествената сопственост, договорната економија и сл. за многумина
од одредени области претставуваше неисцрпна инспирација за научно, стручно, уметничко и друго
творење. И покрај тоа што подоцна произлезе дека вербата во сите тие категории била заблуда (или пак,
можеби заблуда е верувањето дека тогаш сме биле во заблуда) и дека сето тоа почивало на погрешно
поставени премиси, не мал број од тогаш активните творци, токму врз база на таквите дела дотуркаа и до
највисоките скалила на општествената хиерархија, заземајќи дури и видни позиции во врвните научни и
други институции.  денес, еден од модните трендови е eвропското обединување. Актуелна тема која отвори и сè уште отвора многубројни прашања, дилеми, размислувања, можности. Богат извор за разновидни анализи, истражувања, предвидувања, напредувања......
И додека „вистините“ кај некои науки, имајќи ја предвид инфлуенцата од актуелните општествено-политички опкружувања, можеби понекогаш можат да бидат релативизирани, кај природните, односно кај техничките науки, работите стојат поинаку. Таму придвижувањата, се разбира оние вистинските, се иницирани единствено од моќта на еднозначно определената научна вистина и
од непроменливите, цврсто утврдени, базични знаења.
Затоа таму, впечаток е, работите се движат побавно, попретпазливо, скептицизмот кон новите сознанија е
далеку поизразен, стравот од изнесување погрешни ставови поголем.
Таков е случајот и со ЕвроКодовИТЕ - европските стандарди за проектирање конструкции. Нив, врвни
експерти од Европа ги создаваа повеќе од 30 години. На нив европската градежничка елита сè уште
континуирано работи. во нив се вткаени резултати од многубројни анализи, истражувања, експерименти,
искуства. во нив е вградено целокупното најново знаење од оваа област. Станува збор за стандарди
од една чувствителна област каква што е градежното конструкторство. Стандарди кои треба да обезбедат
изградба на рационални, употребливи, трајни и пред сè безбедни објекти. Тие треба, во секојдневната пракса, да остварат компромис меѓу теориската прецизност и инженерската употребливост.
македонија за прв пат е исправена пред задача сама да донесе вака комплексни стандарди, односно, како што е предвидено со овој европски документ, да ги усогласи ЕвроКодовИТЕ на своите специфичности. Имајќи ги предвид обемот на задачата (повеќе од 5.000 страници), нејзината тежина и деликатност (58 национални анекси со 1501 национално дефиниран параметар), како и крајно ограничените стручни ресурси, децениската депресија во областа на градежништвото и скромните, поточно занемарливи вложувања во научните истражувања, станува јасно дека надлежните државни институции за спроведување на стандардизацијата треба крајно сериозно и одговорно да пристапат кон решавањето на овој проблем. Наместо поделби, на и онака малкуте експерти, на позиција и опозиција, наместо недоветни реакции и користење лесно препознатлива, деструктивна итарпејовштина, треба да се покаже визионерство, сериозност, чувство за организирање тимска работа, менаџерска способност за обезбедување предуслови за работа, поттикнување регионална соработка и сл. Тука, информатички кажано, треба да се изврши ресетирање на кај нас веќе вообичаениот начин на размислување и општествено
дејствување или уште поефикасно, да се форматира заразениот со деструктивни вируси мисловен хардвер и
да се инсталира нов оперативен систем „Windows to the future”.

Тука место за импровизации, манипулации, некомпетентност и авантуризам нема. Нема, затоа што
грешка во еден проект значи еден погрешен објект, но грешка во стандард значи грешка во илјадници објекти.