ПРЕСИНГ | Година, 2014

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

Пресинг 20
Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.20

ИНЖЕНЕРСКИ ДЕТАЛ

Од подалеку многу работи изгледаат исти. Ако се приближиме, може да се забележатат видливи разлики. Ако се приближиме уште поблиску може да се забележат уште поголеми разлики. Ако анализираме уште повеќе на површината испливуваат и квалитативните разлики. Ако добро проучиме, прво ги забележуваме деталите, потоа поситните детали, потоа, вистинската разлика.
 
Вистинската разлика во инженерството е во инженерскиот детал. Преку него ги препознаваме „мајсторите на занаетот“. Секој е посебен. Колку повеќе посветува внимание на деталите и колку повеќе се усовршил станува попрепознатлив во струката. Деталот е важен и во медицината, и во спортот, многу е важен во градежништвото, во машинството, во
електротехниката......
Нешто е видливо и мерливо. Нешто не е.
 
Коечниот резултат од работата е различен, но некогаш веќе е доцна кога ќе забележиме дека тоа што сме го добиле не е до крај професионално сработено. Дали последниве години победуваат имитациите. Сургатите. Дали квантитеттот го победува квалитетот. Се изгуби ли инженерскиот детал во системот на банална квантификација и низ тендерите со најниска
цена. Се стопува ли инженерскиот бренд во сивилото на неговите имитации.
 
Се изгуби ли инженерскиот детал во трката по пари. Во овој број му посветуваме внимание на деталот. Да ја истакнеме неговатата важност. Да покажеме дека важи латинската поговорка „ако двајца прават исто, не е исто“. Да му се вратиме на квалитетот. Да го победиме сивилото и стереоптипите.
Се исплатува ли да се обидеме?. Секако.!