Локација: Комора на ОАИ - Сала за конференции
Најголемите светски компании кои произведуваат опрема за осветлување, греење, ладење, вентилација, сигурносни системи, аларми се членови на KNX асоцијацијата и произведуваат опрема согласно овој стандард.
Со имплементација на оваа технологија за автоматизација во домови и згради се заштедува 30-40% енергија, и се намалува емисијата на штетни гасови. Енергијата се употребува интелигентно со што се зголемува енергетската ефикасност на објектите.
Постојат сензори за температура, осветлување, притисок, влажност на воздух, брзина на ветер, CO2, кислород, присуство на вода и многу други. Најновите switch актуатори ја мерат и моменталната потрошувачка на електрична енергија. Информациите за потрошувачката може да бидат пратени до компјутерски систем и запишани во база на податоци, со што се овозможува разновидна понатамошна обработка на информациите.
Теми на настанот и предавачи
1) KNX мрежен комуникациски протокол за автоматизација на згради
2) KNX елементи за командување со осветлување
3) Автоматизација на извршни рлрмрнти во системите за сузбивање на пожар во вентилациските и водените системи
Предавачи: Проф. д-р Орце Симов, Горан Андреевски
Информации за настанот:
Дата и час: 23 мај 2017, во 11 часот
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ
Број на слободни места: 85
Краен рок за пријавување: 22 мај 2017 год. до 12 часот