Локација: Сала на Комора ОАИ
Почитувани колеги, членови на Одделението на градежни инженери, Одделението на сообраќајни инженери и Одделението на електроинженери,
На 6 октомври 2022 година, со почеток во 13 часот, во просториите на Комората ОАИ организира предавање на тема „Модернизација и реконструкција на пругата Белград-Будимпешта на територија на Република Србија-ЕТЦС-ниво 2 (European Train Operation Control System).
Предавањето ќе го одржи колегата Милан Јанкулоски, надзорен инженер за сигнално-сигурносните постројки на железницата.
Презентацијата се однесува на проектот „Брза пруга Беолград-Нови Сад“, како и на соработката со двете водечки кинески компании од областа на сигналните и телекомуникациските системи CRSC и HUAWEI и нивната улога во проектот. Презентацијата содржи три главни сегмента на брзата пруга: градежен дел, сигнално сигурносен и телекомуникациски дел, како и делот на активирање со верификација и сертификација на системите од страна на NoBo. Подетален осврт во презентацијата е даден на сигналните, телекомуникациските системи и системот GSM-R.