Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери во соработка со Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, ве кани да ни се придружите на Autodesk предавање во живо - осмиот настан од низата BIM активности оваа година.
Предавач на овој настан ќе биде Владан Ѓуриќ од компанијата TeamCAD од Белград, Србија. Ќе бидат одржани две предавања: „Колаборација во област на проектирање во високоградба со употреба на Autodesk алатки, почетни основи и терминологија“ и „Autodesk решенија за колаборација во клауд опкружување“.
Настанот ќе се одржи на 13.12.2023 (среда) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:05 – Владан Ѓуриќ, TeamCAD, Белград, Србија |„Колаборација во област на проектирање во високоградба со употреба на Autodesk алатки, почетни основи и терминологија“
11:05-11:25 - кафе пауза
11:25-12:25 – Владан Ѓуриќ, TeamCAD, Белград, Србија |„Autodesk решенија за колаборација во клауд опкружување“
12:25-12:45 - прашања и одговори
Предавач:
Владан Ѓуриќ - Сениор менаџер за продажба во компанијата TeamCAD, Белград, Србија. Работи во продажба и консалтинг и има повеќе од 30 години искуство во област на пренесување на знаење и примена на технологии, со специјализација за Building Information Modeling (BIM) и Geographic Information Systems (GIS). Има повеќе успешно реализирани проекти, иновативни решенија и услуги на имплементација во динамичното опкружување на AEC индустријата (градежништво, архитектура, инженеринг) и во област на примена на геопросторни податоци.
Податоци за поврзување он-лајн:
Topic: Предавања „Колаборација во проектирање во високоградба со Autodesk алатки“ и „Autodesk решенија за колаборација во клауд“
Please click the link below to join the webinar:
https://us02web.zoom.us/j/87218952303?pwd=UFFUSTVnb2g1UEVac3BEMGs4Rm5oZz09
Passcode: 123