Настани и конференции

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Cert Logo DAS 9001 web

 

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ БР. 40

ПРЕСИНГ број 40 се издаде заедно со списанието ПОРТА3. Од наредниот број продолжуваме со стандардната самостојна издавачка политика.

Преземи го бројот

16-та Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“

Меѓународни
Датум: Четврток, 07 Јуни 2018 08:00 - Сабота, 09 Јуни 2018 10:30

Локација: Хотел Александар Палас  |  Град: Скопје, Македонија

Друштвото за геотехника на Македонија, од 7.06.2018 до 9.06.2018 година, во коорганизација со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Градежниот факултет и Инженерската институција на Македонија ја организира 16-тата Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство (ПЕКГИ).

Генералната тема на Конференцијата е „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.

Конференцијата е под покровителство на Претседателот на РМ, а под закрилата на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), овојпат поддржано и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA). Покрај тоа, ITA ќе организира и воведен семинар за 16-та ПЕКГИ што ќе се одржи на 06.6. 2018 година со почеток од 9 часот. За истакнување е што раководството на ISSMGE, од претседателот Нг и секретарот Тејлор, до раководителите на работните групи од сите континенти, ќе одржи состанок на управувачките тела токму во Скопје, а слично постапи и Извршниот комитет на  ITA, што е куриозитет, успех и привилегија, но и обврска и одговорност.

Бројни автори од ширум светот од над 46 земји ги препознаа наведените елементи, па испратија преку 160 резимеа, а потоа и реферати кои беа прегледани и оценети од Научниот одбор на 16-та ПЕКГИ, составен од еминентни лица, членови на геотехничките друштва од подунавските земји. Не сите трудови и беа прифатени за објавување во Зборникот кој е публикуван во Берлин, од страна на издавачката куќа WILEY Ernst & Sohn, која, покрај печатената верзија, ќе подготви и е-часопис.

Дел од овие реферати, заедно со оние на 10-те повикани предавачи, а меѓу кои се лица со светско реноме, ќе бидат презентирани во усмена форма во рамките на една од сесиите, додека друг дел ќе се разгледуваат во текот на постер-сесиите. На паузите, учесниците ќе може да ги посетат изложбените простори на кои се презентираат речиси 30 компании, претежно од Европа.

Како крем на сите активности, на 6.06.2018 година, Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, ќе ја додели државната награда Медал за заслуги за Македонија, на проф. Хајнц Брандл од Австрија, кој е еден од духовните автори на оваа конференција уште од 1964 година, а беше и потписник на Меморадумот за соработка помеѓу КОАИ и Австриската Комора, една од најстарите во Европа формирана во 1984 година.

Покрај научниот дел, предвидена е и интересна културно-уметничка програма за дружење на присутните и запознавање со традицијата на Р. Македонија, како и техничко-туристички посети распоредени во рамките на третиот ден на 16-та ПЕКГИ. Концепциски слични, но прилагодени засебни активности и тури се планирани и за придружните лица.

Детални информации може да се пронајдат на www.decge2018.mk, кои се ажурираат и на Facebook-страницата.

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса
Булевар 8-ми Септември бр. 15
Скопје, Македонија

 

Мапа