- Посети: 1081
Соопштение за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во февруарска испитна сесија
Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во петок на 23.02.2024 година ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 10.02.2024 година.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).