Информатор за активности на Комората

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Меморандум за соработка меѓу УКИМ и Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Pin It

jankulovski nikola dimitrovski mileПо повод 13 години од постоење на Комората на овластени архитекти, денеска претседателот на Комората, Миле Димитровски заедно со ректорот на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски потпишаа Меморандум за соработка.
Комората денеска додели и именувани награди и плакати на одредени членови. За претседателот на Комората оваа година е година на прилагодување и изнаоѓање нови форми на работа со членството.

„Како да не постоеше пандемија за Комората. Бргу се прилагодивме на состојбите и ја префрливме целата работа во електронска форма. Членството не почувствува некој застој. За нас, пандемијата беше прашање на нов пристап кон работата и нова организациона поставеност. Списанието излегува редовно, обуките за континуирана професионална доедукација се одржаа со електронска платформа, рече Димитровски. 

Сепак, како што посочи, бројот на активни членови опадна, како последица на застојот во стопанството и економијата. -Ќе продолжиме да бараме нови форми за работа и соработка и ќе бидеме инвентивни да не се почувствува никаков застој. Ја продолживме и меѓународна соработка, рече Димитровски.
Јанкуловски денеска истакна дека УКИМ и Комората и досега соработуваа за повеќе прашања од инженерството. Со потпишување на меморандумот, според ректорот, се остварува можност за посилна институционална соработка на многу полиња од обостран интерес.

Никола Јанкуловски - Ректор на УКИМ-Ингеренциите на Комората да издава јавни овластувања на инженерите за вршење професионална дејност поврзана со Законот за градење, ја прави стратегиски партнер на дипломираните инженери, кои како дипломирани студенти излегуваат од нашиот Универзитет, додаде Јанкуловски.

Комората, по повод својот 13-ти роденден, додели именувани награди и плакети.
Дипломираниот инженер Наки Костов ја доби наградата за градежно инженерство „Александар – Цане Ангеловски“.
Архитектот Бесиан Мехмети ја доби наградата за архитектура „Борис Чипан“. Инженерот Миле Дабески, оваа година, ја доби наградата за електротехника „Станимир Јовановски“. Наградата за машинство „Илија Черепналковски“ ја доби машинскиот инженер Раде Јакимовски.
Исто така, Комората додели плакета за особен придонес во областа на енергетската ефикасност на професорот во пензија, Константин Димитров.
Дипломираниот електроинженер Владко Тодоровски доби плакета за придонес во развојот и работата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

На следниот линк можете да ја погледнете целосната листа и кратки биографии на добитници на награди ЛИНК

Постхумнно, благодарница беше доделена и на архитектот Неџади Зулбеари за придонес во областа на планирањето и урбанизмот.