Претседатели на Комората на овластени архитекти и овластени инженери

Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Pin It

Kristinka Radevski

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
М-Р КРИСТИНКА РАДЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Мандат: 2021 - 2025

М-р Кристинка Радевски, родена битолчанка, работи живее во Скопје веќе 16 години. Архитектонскиот факултет го завршила на Универзитетот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистерските студии ги завршува со цел стручна доквалификација и специјализација во струката, но на темата „Менаџирање со човечки капитал“. Таа е архитект со повеќе од 28 години континуирано работно искуство и активен ангажман во сите фази на професијата. Специјалист во менаџирање на комлексни проекти, меѓународни проекти, инфраструктурни, јавни, станбени и административни згради, како и во областа на изградба на објекти од значење за државата, почнувајќи од проектирање, ревизија, надзор, изведба и следење на усогласеноста на процесите во градбата со националната легислатива. Повеќе...

  


MD webПРЕТХОДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ, ДИПЛ.МАШ.ИНЖ.

Мандат: 2016 - 2020

Д-р   Миле Димитровски е поранешен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој после 38 години се откажа од работното место редовен професор со втор реизбор на Машинскиот Факултет на Институтот за термичко инженерство, и после изборот за преседател се вработи со постојано работно време во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија. Повеќе...

 

Blasko Dimitrov web

ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
М-Р БЛАШКО ДИМИТРОВ, дипл.град.инж.

Мандат: 2012 - 2016

М-р Блашко Димитров, дипл. град. инж. е поранешен претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со работно искуство повеќе од 35 години. Учесник е во проектирање, ревизија, изведба и надзор на повеќе објекти во Република Македонија, од кои позначајни се РОЦ Тораница, ХЕЦ Козјак, ХС Лисиче, ХЕЦ Св. Петка, ФЕНИ и др. Учесник е со свои трудови на повеќе од 20 меѓународни конгреси од областа на градежништвото.

Strahinja Trpevski web

ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА
Д-Р СТРАХИЊА ТРПЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Мандат: 2008 - 2012

Д-р Страхиња Трпевски, дипл. инж. арх. е прв претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, кој во текот на својот професионален ангажман има учествувано на бројни научни собири, конференции, форуми, тркалезни маси, семинари во земјата и странство. Исто така, како тим лидер, со меѓународни и домашни експерти работел на Националната Стратегија за развој на градежништвото на Црна Гора до 2020 година и соработувал на реализација на проекти со меѓународните институции Светска Банка, УНДП, ОЕЦД, ЕБРД, ЕИБ, ЈИЦА, ГЕФ и КфВ. Ко-автор е на три книги објавени за областа на Енергетската Ефикасност, Соларната термија и Фотоволтаични постројки објавени за потребите на Германскиот центар за ЕЕ во Македонија при ФБЕ.