Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти се одржува со несебична поддршка на пријателите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери:
Стентон Градба Битола е градежна компанија која се развива повеќе од 15 години, со човечки потенцијал од над 200 вработени и градежна оператива од над 100 градежни машини. Со оглед на ресурсите што ги располага, компанијата ужива силна репутација за обезбедување квалитетна услуга на време, со конкурентна цена. Покрај како лидер во регионот на Битола, компанијата бележи успеси во градежништвото и во останатите региони низ државата. Човечкиот потенцијал на компанијата се состои од овластени архитекти и инженери од повеќе инженерски области и останати вработени, кои учествуваат во израдбата на градби од локално и национално значење.
Кнауф Македонија е производна и продажна гранка на корпорацијата Кнауф, најголемиот светски производител на гипсени градежни производи. Во Македонија е присутна со техничко-маркетиншката канцеларија во Скопје и фабриката Кнауф Радика АД во Дебар. Основа на производството на Кнауф се гипсените производи и полупроизводи, кои влегуваат во системите за сува градба, малтерисување, фасадирање, поплочување, глетување и во специјални завршни системи во градежништвото, но регионално Кнауф е присутен и со цементните и изолациски материјали. Кнауф како компанија и на глобално и на локално ниво е посветен на зачувување на животната средина. Согласно законските одредби, директивите на меѓународните организации и најновите трендови, применува работни процеси кои се пријателски настроени кон природната околина.
Тримо е една од водечките европски компании што нуди комплетни решенија во областа на огноотпорни и иновативни, флексибилни, естетски, функционални и енергетски ефикасни решенија за фасади и кровови. Експертското знаење, одржливоста, доверливоста и фокусот на иднината се сите основни компоненти кои го однесоа Тримо насекаде низ светот. Денес Trimo ги продава своите системи под сопствен бренд во повеќе од 120 земји во светот. Од своето формирање во 1961 година, Тримо се етаблира како една од водечките европски компании кои развиваат оригинални и целосни фасадни и кровни системи, како и модуларни просторни решенија. Одличната репутација на компанијата за иновации, квалитет и поддршка на клиентите продолжува да импресионира додека се истражуваат нови пазари и нови можности.
Алуконигштал е доставувач на висококвалитетни алуминиумски, челични и PVC системи. Преку консултации и решенија за современа и енергетски ефикасна архитектура, компанијата ги поддржува одржливите концепти за градба. Дистрибуцијата на препознатливите брендови Schüco и Jansen обезбедува продукти со врвен квалитет, кои континуирано се актуелизираат и внимателно се адаптираат кон моменталните архитектонски трендови и градежни стандарди.
Smart Solutions е ИТ компанија од Македонија и единствен авторизиран партнер на Autodesk во државата. Нивна цел е континуирано следење на новите хардверски и софтверски технологии и обезбедување на најдобрите и најсоодветните решенија за своите клиенти. Тимот на Smart Solutions се состои од докажани ИТ специјалисти, обучени и искусни за имплементација и поддршка на најсложените ИТ системи.