На Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти предвидени се презентации на Тарифникот за урбанистичко планирање и Ценовникот за минималниот надоместок на инженерските услуги во високоградбата.
После презентацијата, предвиден е дел за дискусија и прашања, во кој активно учество ќе земат:
- Жаклина Ангеловска, член на Собранието на Комората
- Михаел Димитровски, Раководител на Одделениа за урбанистичко планирање
- Александра Трајковска, член на Собранието на Комората
- Арменд Шаќири, член на Собранието на Комората
- Марио Баткоски, член на Собранието на Комората
- Ана Ѓорѓиоска, Сектор за стручна поддршка на Министерот за транспорт и врски
- Александар Карангелов, член на Министерството за транспорт и врски