×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Огнен Арсов и Ана Коси EU/SLO, говорници на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

 

Македонско-словенечкиот тандем Огнен Арсов и Ана Коси ќе говорат за своето творештво на Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.

После дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2004 година, Огнен Арсов го продолжува своето образование на постдипломски студии во Љубљана. Има работено во повеќе словенечки архитектоснки студија, најчесто на проектирање комплексни градби.

Ана Коси дипломирала на Архитектонскиот факултет во Љубљана во 2012 година, а своето образование го продолжила на Политехничкиот универзитет во Милано. На Архитектонскиот факултет во Љубљана била ангажирана како доцент по повеќе предмети од областа на архитектонска теорија, критика и историја.

Огнен Арсов и Ана Коси во 2017-та година го основаат архитектонското студио „Kosi in partnerji“. Ова студио успешно работи на словенечката архитектонска „сцена“ веќе седум години, а дел од работата на студиото ќе биде претсавена на 29.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола.