×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Татјана Шундовска MK, говорник на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

 

Татјана Шундовска е дипломиран инженер архитект и сопственичка на фирмата ЕСПЕРАНЦА од Битола, која се состои од проектантско биро и оперативен дел за изведба на објекти. Од своето основање па сè до денес, таа со својот тим непоколебливо ја води фирмата по нагорна линија, создавајќи успешни проекти и квалитет кој е препознатлив во градот и поширокиот регион.

Во своето 30-годишно работно искуство, проектант e на повеќе од 1000 станбени, административни, угостителски, сервисни, стопански и јавни објекти, со директно учество во изведбата на поголемиот дел од нив. Кон секоја нова градба пристапува со уникатен одговор на функционалните барања на клиентите, просторот и времето во кое е проектирана.

Татјана Шундовска остварува одлична соработка на проекти со дел од министерствата, странските амбасади во земјата, регионалните центри за развој и меѓународни институции како IMG, IOM, UNDP и UNOPS. Зад неа стои голем број добиени и успешно реализирани тендери, наградени конкурсни решенија и публикувани проекти.

На Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Татјана Шундовска ќе ги сподели своите искуства од проектирањето и изведбата на објектите, како и предизвиците со кои се соочува во текот на своето долгогодишно работење.