×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

БИМАС 2025 на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

POSTER ZA WEB Bimas

Овогодинешното XXII Биенале на македонската современа архитектура – БИМАС 2025, кое се одржа во октомври во главниот град Скопје, пристигнува и во Битола, во рамките на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.
Селекција од идејни и реализирани архитектонски проекти, урбанистички решенија и ентериерни проекти ќе биде изложена во објектот на Офицерскиот дом во Битола за време на настанот.
БИМАС претставува најголема и најзначајна архитектонска манифестација во државата, која обединува многубројни архитекти и урбанисти. Оваа изложба е одлична можност да се претстави македонската архитектура од последните две години пред гостите на средбата – и од земјата и од странство.