По успешното завршување на четирите претходни циклуса кои се спроведоа во текот на 2022/2023 година и во кои беа опфатени повеќе од 80 членови и оваа година како Комора ја продолжуваме соработката со Семос Едукација во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот за примена и имплементација на BIM технологија при изработка на секојдневните проектни решенија. Искрено се надеваме дека ова позитивно влијае на подобрување на капацитетите на нашите компании во насока за полесна и побрза имплементација на овие решенија.
Повеќе: Петти циклус ОБУКИ ЗА БИМ со попуст за активни членови на Комората