Почитувани членови на Комората,
Почитувани колешки и колеги, дозволете да ве известам дека во процес на подготовка е четвртиот том на книгата "ГРАДИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО XXI ВЕК ".
Во оваа книга е предвидено и поглавје за архитектите коишто работат и надвор од нашата земја. Со нивното приклучување во оваа книга ќе се заокружи целиот потенцијал на творештвото на Македонските архитекти независно во која земја живеат.
Ова издание ќе биде на врвно техничко ниво, како и трите претходни изданија.
Приклучете се и Вие во реализацијата на овој многу значаен потфат од областа на културата за да го презентираме достојно архитектонското творештво на нашата земја како одраз на врвните светски дострели на современата архитектура.
За оваа цел Ве молам да го пополните формуларот кој е даден на линкот подолу:
Формуларот пополнет со бараните податоци да се испрати на една од адресите кои се дадени на крајот од самиот формулар.
Со почит
Проф. Д-р. Георги Константиновски