Во Виена на 05.10.2017 се одржа Третиот инженерски ден организиран од ECEC, FEANI иECEC со тема перспективите на инженерската струка. На соборот свои излагања имаа преседателите на трите организации, а се одржа и тркалезна маса со дискусија на која учествуваше и преседателот на КОАИ, проф. д-р Миле Димитровски. Дел од заклучоците од настанот и фотографии можат да се најдат на сајтот на ЕЦЕЦ, ФЕАНИ и ЕЦЦЕ. Покрај учеството на трибината направени беа и финални разговори со претседателот на ЕЦЕЦ, м-р Чртомир Ремец за последни подготовки на агендата за 14 Генералното собрание на Европскиот Совет на Инженерски Комори кое ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 Октомври 2017 година.
Со посредување на проф. д-р Милорад Јовановски, кој е личен пријател со EM.UNIV.PROF.DR.TECHN.DR.HC.MULT. Heinz Brandl, преседателот на ÖАIV (Австриското друштво на инженери и архитекти, формирано 1848 година како едно од првите друштва на инженери и архитекти во светот) подолго време се подготвуваше меморандум за соработка и на 5.10.2017 беше закажано негово потпишување во Инженерската куќа во Виена. На потпишувањето покрај претседателот на македонската Комора , присуствуваше и Проф. д-р Милорад Јовановски, кој во исто време Виена беше во како претставник на друштвото за геотехника на Република Македонија на подготвителен состанок на активности за организација на XVI Европска подунавска конференција за геотехника.
Фотографии