На 21 и 22.05.2018. Претседателот на комората, Проф. д-р Миле Димитровски и Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Проф. д-р Зоран Шапуриќ беа на дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот", организирана од Европскиот совет на инженери.
Во тек на конференцијата, Претседателот на Комората Димитровски и министерот Шапуриќ остварија повеќе билатерални средби со претседателот и генералниот секретар на Европскиот Совет на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Министерот Шапуриќ на обраќањето на конференцијата ги нагласи напорите на Владата на РМ за забрзување на евроатланските интеграции и определбата за постојана соработка со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комора на овластени архитекти и овластени инженери.
Конференцијата се одржува во рамки на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија.
Фотографии