На ден 15 мај 2018 во просториите на Комората се одржа предавање на фирмата Semmelrock Stein + Design EOOD во вид на едукативен семинар за модерни трендови и практични решенија за модерна урбана средина, постигната со еколошки градежни продукти. Различните можности за реализација на функционални проекти, кои ги развива и нуди на пазарот компанијата Semmelrock Stein + Design EOOD.
Предавањето го отвори претседателот на Комората, а го посетија околу 70тина инженери и архитекти, кои на крај развија и плодна дискусија во оваа проблематика. По завршувањето на предавањето претседателот ги прими предавачите и им ги врачи сертификатите од семинарот. Настанот се заврши со пригоден коктел.
Фотографии од настанот