На 6 јуни 2018 година во Комората се одржа предавање на тема „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“. Презентацијата на високо квалитетните системи за громобранска заштита и уреди за заземјување, од програмата на J.PRÖPSTER-Германија, една од најголемите компании во светот за производство на најсофистицирани елементи за надворешна и внатрешна громобранска заштита, ја спроведоа предавачите дипл.маш.инж. Кристина Николовска и Борјан Поповски од БЛИЦ ГАРД Скопје.
Учесниците на предавањето имаа прилика да слушнат совети и насоки за полесно интегрирање на овие системи во проектите, како и практичен приказ на елементите. Семинарот го посетија околу 80тина архитекти и инженери.
По завршувањето на предавањето се разви дискусија на темата во која учествуваа поголемиот дел од присутните.
Семинарот беше заокружен со дружење и коктел за сите присутни.
Фотографии од настанот
Повеќе информации за громобранските системи на: www.blitzguard.mk