На 25.07.2018 година, во просториите на Комората, се одржа работилница за усогласување на Законот за заштита на културното наследство со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење на Република Македонија.
Преземањето на интервенции врз недвижното наследство е комплексен проблем кој допира повеќе закони инволвирани на неколку нивоа во текот на постапката која треба да обезбеди континуитет на процесот на заштита на недвижното наследство. Секако дека основна законска рамка за остварување на заштитата на недвижното наследство денес во Република Македонија е Законот за заштита на културното наследство, но непобитен факт е дека процесот на непосредна заштита е во длабок импакт со легислативата за подготвување и спроведување на урбанистички планови и тоа на две нивоа:
1-во ниво - Импакт со законската рамка во која се дефинира процесот на урбанистичко планирање и заштитата на градителското наследство
– изработка на урбанистичка планска документација.
2-ро ниво - Импакт со законската рамка во која е дефиниран процесот на реализација на предвидените интервенции врз недвижното наследство
- изработка на проектна документација за непосредна заштита
- изведба и раководење на проекти за непосредна интервенција врз недвижно наследство.
Членовите на КОАИ се важни актери во процесот на одржување на континуитетот на недвижното наследство. Затоа од нивен голем интерес е постапката за планирање и реализирање на непосредните интервенции врз недвижното наследство да е јасно дефинирана, контролирана, стручно изведена и многу важно, поставена во координирани чекори со јасно дефинирана временска рамка.
На работилницата учество зедоа претставници од Министерствата за Култура, за Транспорт и врски и за Животна средина; претставници од регионалните центри за заштита на културно наследство (Битола, Охрид, Крушево, Кратово итн) како и претставници од бројни општини од Републиката кои се засегнати со оваа проблематика.
Заклучоци од работилницата [PDF]
Фотографии