На 3 октомври 2018 година, во салата за конференции на Комората ОАИ, м-р Франц Јенко, дипл. ел. инж. од ETI Elektroelement, Словенија, одржа презентација на тема: „Пренапонска заштита во нисконапонските мрежи и заштита на фотоволтаични системи – Green Protect“.
Презентацијата имаше за цел унапредување на стручните познавања за пренапонска заштита во нисконапонските системи, како и соодветната заштита на фотоволтаичните системи. Пренесување на информации за Eвропските стандарди и прописи за заштита со кои овие системи се усогласени. Запознавање со новите и подобрени технички карактеристики на опремата за заштита на електричните инсталации и примена во проектирањето и имплементацијата. Семинарот опфати 3 модули, и тоа: пренапонска заштита во нисконапонските мрежи, заштита на фотоволтаични системи и примери од досегашната пракса во Европа.
Настанот го посетија околу 70тина електроинженери.
На крајот имаше пригоден коктел организиран од фирмата ETI Elektroelement - канцеларија во Македонија, организатор на предавањето.