На 17 Ноември во Загреб, Република Хрватска се одржа 16 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), со седиште во Брисел.
Собранието беше изборно и се изврши избор на претседател, генерален секретар, три потпретседатели и благајник. За претседател на ЕЦЕЦ е избран Клаус Туреди од Австриската инженерска комора, за генерален секратар Лецнер од Италијнската комора, а за потпретседатели, Бројер од Комората на Германија, Мејер од Полската Комора и Миле Димитровски од Комората на Македонија. За благајник е потврден изброт на Габор од Унгарската Инженерска Комора. Мандатот на новиот состав на ЕЦЕЦ е три години од денот на изборот.
Ова претставува уште едно признание за Македонската Комора, која е посебно ценета во меѓународната инженерска заедница заради својот пристап кон странските инженери и инженерски Комори и системот на континуиран инженерски развој. Управниот одбор на Македонската Комората го подржа иницијалниот предлог на Инженерската Иницијатива за регионална соработка составена од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, поради извонредниот ангажман во промоција на коморското работење во регионот, за овој мандатен период да биде кандидиран Миле Димитровски.
Повеќе на www.ecec.net
Фотографии од настанот: