На 24 јануари 2019 година по покана на претседателот, во неколкучасовна посета на КОАИ престојуваше Антони Пешев, претседавач на собранието на Стопанската Комора. После запознавање со основните дејности на нашата комора Пешев беше запознаен со капацитетите за професионална работа на комората на полето на инженерството, и со фактот дека во Комората членуваат околу 7.000 архитекти и инженери со огромен професионален капацитет.
Беа разменети мислења со врска со професионалните квалификации на членовите на комората и можноста тие со своите знаења да помогнат во градење на професионални квалификации на инженерите потребни на стопанството. Покренување на обуки за извонредност (excellence), како една од формите за професионална дообука на младите и континуирана професионална доедукација на членовите на комората (CPD) се вистинските форми со кои Комората може да им помогне на професионалците да станат уште подобри.
Покажан е интерес за меѓуебна соработка за подобрување на професионалните и интелекуалните услуги, како и вреднување на инженерскиот труд. Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Републикна Македонија би можела да биде од извонредна важност за премостување на недостатокот на вештини и компетенции на младите инженери кои имаат добри теоретски знаења, но им недостасуваат практични знаења кои ги имаат овластените архитекти и инженери. Предвидени се наредни тематски средби за продлабочување на соработката во насока на нејзина операционализација.
Во разговорите покрај претседателот Миле Димитровски, учествуваа м-р Ива Џагора, претседавач на Собранието на КОАИ, Проф. Петар Цветановски, Реџеп Асани и Владко Тодоровски.
Фотографии од настанот