Во врска со зачестениот интерес на членството за напредокот на Законската регулатива и за тарифниците ја споделуваме следната информација
1. Предлог тарифникот за инженерски услуги за објекти од високоградбата е доставен до надлежното министерство на 9 ноември 2018 година. До денес немаме официјална информација за негово одобрување/неодобрување.
2. Предлог тарифникот за урбанистички услуги е доставен до министерството претходно, но исто така немаме официјална информација за неговиот статус.
Во меѓувреме, направени се повеќе усмени контакти со надлежните органи, со цел добивање на официјален одговор.
Исто така, во мoментов во Минстерството се изработува нов Закон за просторно и урбанистичко планирање и нов Закон за градење. Во очекување сме дека тарифниците ќе бидат евалуирани заедно со донесување на овие законски решенија.
На Единствениот национален електронски регтистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) е поставено известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за градење. Согласно поставената информација, временскатата рамка за изготвување на предлог законот е до 26.2.2019 година.
Веднаш по објавување, ќе бидат активирани формираните стручни комисии на Комората кои ќе го разгледуваат понуденото решение, а УО ќе ги проследи предлозите до изготвувачите.
Повеќе информации за законите на следниот линк https://ener.gov.mk/