Урбанистот Рафаил Влчевски е еден од доајените на урбанистичкото планирање на овие простори, поранешен директор на Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје и добитник на наградата од Комората за 2018 година, именувана Проф. Борис Чипан.
Влчевски се вбројува во градителите на ново Скопје. Активно учествувал во изготвување на урбанистичките планови за град Скопје заедно со екипите на Доксијадес од Атина и Полсервис од Варшава, на ГУП 1964/65 година и ОУП-Скопје од 1985 година. Бил раководител на работниот тим за изготвување на Нацрт-планот за градот Скопје 2002- 2020 година. Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на кои бил 14 пати првопласиран.
На стручниот семинар присуствуваа 60тина гости, кои имаа прилика да разгледаат избор од делата на Влчевски кои беа изложени.
Презентации:
- Системот на урбанистичкото планирање на просторот во Република Македонија пред нејзиното осамoстојување
- Рафаил Влчевски - Куса биографија, достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата и урбанистичкото планирање
Фотографии од настанот: