На 22 и 23 февруари 2019 година, во хотел Порта, ќе се одржи дводневна обука наменета за инженери-дипломирани архитекти, со минимално образование - ниво VII, кои дејствуваат во полето на проектирање на градежни објекти или се ангажирани во јавни институции и се занимаваат со проблематиката на енергетска ефикасност.
(Напомена: Настанот не е во организација на Комората, ниту пак Комората стои зад содржината и квалитетот на обуката)
ОПШТАТА ЦЕЛ НА ОБУКАТА е: оспособување на учесниците да следат и применуваат систематски и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ (енергетски ефикасни) објекти преку четири модули:
Модул 1: ОПШТО ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ;
Модул 2: ПРОЕКТИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОБЈЕКТИ;
Модул 3: ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА;
Модул 4: КЛИЕНТИТЕ - СОЈУЗНИЦИ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ.
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ОБУКАТА се:
- Подигање на свесноста за потребата за ЕЕ нa ниво на држава и на ниво на инвеститор;
- Знаење за дефинирање на енергетската класа на објектот и вештини за пресметки за планираната потрошувачка на енергија;
- Информации за барањата на Законската регулатива и начинот на нивното исполнување и
- Стекнување разбирањето за потребата од сојузништво со клиентите за валоризирање на додадената вредност на ЕЕ објект.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
- Учесниците се запознаени со систематизираниот и логичен пристап во проектирањето на ЕЕ објекти;
- Учесниците се свесни за придонесот на проектирањето на ЕЕ објекти и вклучени во следењето на нивниот придонес во проектите што ги проектираат и/или одобруваат со енергетска класа;
- Учесниците се запознаени со методите на пресметка на енергетската потрошувачка и документацијата за дефинирање на категоризацијата на објектот.
По обуката ќе бидат испорачани СЕРТИФИКАТИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ на обуката.
Обучувачи:
- М-р Жанина Стаменкова дги
- М-р Живко Димов дми
- Зора Каралиева диа
Локација: Хотел ПОРТА, Аеродром, Скопје (http://www.hotelporta.com.mk)
Дата: 22 и 23, февруари 2019 год. со почеток 10 часот