На 18 февруари 2019 година, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Републија Македонија се одржи предавање и презентација на производите на компанијата OILON.
OILON е финска семејна компанија за енергетски и еколошки технологии, основана во 1961 година. Тие, меѓу другото, произведуваат и продаваат горилници и системи за согорување на течни и гасни горива, индустриски топлински пумпи и постројки за ладење, топлински пумпа за греење куќи.
Нивните производи се користат, во електрани, за согорување на отпад, бродски котли, централи за греење, за греење или ладење на големи објекти, како и за греење на приватни куќи.
Се грижат за животната средина и многу вложуваат во истражување и развој на продуктите. Главните области на нивното истражување и развој се подобрување на енергетската ефикасност, намалување на емисиите и развој на нови решенија со користење на обновливи извори на енергија.
Имаат производствени капацитети во Финска, Русија, САД и Кина. Покрај тоа, имаат канцеларии за продажба во Русија, Бразил и САД, како и препродавачи низ целиот свет.
Преземи презентации:
- Индустриски горилници со ниски емисии [PDF]
- Хибридни индустриски топлински пумпи за греење и ладење [PDF]
Видео за компанијата:
https://www.youtube.com/watch?v=XkCA9bgQcD4&t=7s
Фотографии од настанот: