На 23 февруари 2019 година, се одржа редовната годишна седница на Собрание на Комората. На седницата, меѓудругото, се усвои годишниот извештај за работата на Управниот одбор на Комората и Програмата за работа на Комората за 2019 година.
На седницата се верифицираше мандатот на нов делегат во Собранието на Комората - Бојан Муратовски, машински инженер, кој стана делегат на местото на починатиот инженер Илија Тикваровски.
Инженер Илија Тикваровски беше истакнат член на Комората со богато работно искуство во областа на термотехничкото проектирање.
Позначајни дела од инженер Тикваровски се: фабриката Астибо Штип, Градскиот трговски центар Скопје, фабриката Џонсон Контролс, Хотел Мериот итн. Инженер Тиквароски е добитник на наградата од Комората именувана Проф. д-р Илија Черепналковски за 2014 година.
На седницата на Собранието, беа избрани следните инженери за членови на дисциплинската комисија на Комората:
- Сашо Блажевски, диа, Претседател на Дисциплинската комисија
- Христина Матоска, деи, заменик претседател
- Влатко Иванов, дми, член
- Андон Петровски, дси, член
- Проф. Влатко Коробар, диа, заменик член
- Шабан Алиу, дги, заменик член
- Игор Никодонов, дги, заменик член
По пат на тајно гласање, делегатите ја избраа Веселинка Герасимова Петровска, диа за Заменик Претседавач на Собранието на Комората.
Линк: Материјали од Седицата
Фотографии: