На 14 март 2019 година, во просториите на Комората, се одржа средба со овластени архитекти и инженери од Гостивар и Тетово. Во разговорите учествуваа Претседателот на Комората, Раководителот на Одделението на архитекти и Заменик раководителот на Одделението на урбанисти и планери.
Гостите во непосредна дискусија со претставниците на Комората го искажаа своето незадоволство од одредени аспекти и прописи предвидени во предлог-Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Ја изразија нивната загриженост за деградацијата на инженерската професија со актуелното законско решение и побарааа проактивно учество на Комората, како и поголема заложба за отстранување на недостатоците во законскиот проект.
Претседателот на Комората, Раководителот на Одделението на архитекти и Заменик раководителот на Одделението на урбанисти и планери се заложија дека детално ќе ги проучат посочените предлози во рамки на професионалните одделенија, ќе ги дополнат и ќе ги проследат до надлежните институции во насока на отсранување на посочените недостатоци и подобрување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Преземи допис до Министерство за транспорт и врски
Преземи допис до Комората од овластените артхитекти и инженери од Гостивар и Тетово
Фотографии од настанот: