На 13 март 2019 година, во кабинетот на Претседателот на Комората ОАИ се одржа рaботна средба на која се дискутираше за подобрување и продлабочување на соработката помеѓу ЕВН Електродистрибуција Скопје и овластените електроинженери.
На средбата присуствуваа Миле Дабески, раководител на Група за стандардизација и Александара Арсовска, КЕЦ Оператива од страната на ЕВН Електродистрибуција, а Комората ја претставуваа претседателот на Комората Проф. д-р Миле Димитровски, Раководителот на одделението на електроинженери Владко Тодоровски и членовите на одделението Чедомир Андовски, Ратко Станојковски и Владо Гроздановски.
На средбата се отворија повеќе прашања за актуелните проблеми кои постојат во тековното работење на овластените електроинженери и ЕВН Електродистрибуција и беа усогласени повеќе предлози за надминување на истите со активности за заеднички настап. Како заклучок од средбата беше договорено сите усогласени ставови да бидат преточени во Меморандум за соработка кој ќе биде потпишан во најскоро време со цел да се надминат несогласувањата во тековното оперативно работење на засегнатите страни.
Фотографии од средбата: