На 5 и 6 Април 2019 година во Солун (gr.Thessaloniki) се одржа Форум за можностите за развој на инфраструктурата на Балканот во организација на министерството за надворешни работи на Грција.
На собирот беа поканети Министри, заменици, претседатели на стопански Комори и претседатели на инженерски Комори од Грција, Бугарија, Македонија, Србија, Романија и Албанија. Од Македонија учествуваа Министерот за Економија Крешник Бектеши, Министерот за локална самуправа Сухејл Фазлиу, претставник од Министертвото за надворешни работи, а се очекуваше и пристуво на Министерот за транспорт и врски, Претседателот на Собранието на Стопанската Комора Антони Пешев и Преседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Миле Димитровски.
Другите држави беа претставени соодветно на ниво на министри, европратеници, претседатели на Комори или амбасадори на поканетите држви.
Со оглед дека се очекува интензивирање на изградбата и рехабилитација на железницата, изградба на нов крак и поврзување со гасоводната мрежа на Грција, Комората преку излагање на Форумот и преку телевизиско интевју за Грчката телевизија ги претстави можностите за прифаќање на овластувањата за работа на странски инженери во Македонија (NMK), и пречките кои постојат за работа на македонските инженери во странство (признавање на овластувањата). Побарано е да се забрза процесот на признавање на нашите овластувања за да може инженерите да бидат вклучени во работата на инфраструктурните проекти.
Повеќе детали за Форумот: https://balkanforumthess.com/
Допис од организаторот на форумот
Видеа од презентациите:
Фотографии од Форумот: