Во средата, на 10 април 2019 година, во салата за конференции на Комората се одржа предавање на тема „BAU after BAU – фасадните иновации од Schüco, претставени на саемот BAU 2019 во Минхен“ во организација на компанијата Алуконигштал.
Настанот го отвори архитект Ангел Ситновски, член на Комората. Целта на предавањето беше претставување на новите производи на компанија Алуконигштал, и тоа: нови флексибилни фасадни системи со слобода на дизајн, енергетски ефикасни прозорци, прозорци и лизгачки врати со панорамен дизајн – максимално застаклување со тесни профили, лизгачки врати без праг – easy access, акустика – нови материјали кои намалуваат ниво на шум и внатре во зградите, а и во околната средина, сигурност – дигитализирани системи за контрола на достап во зградите.
Воведно обраќање имаше г-дин Климентин Чернев, управник на Алуконигштал Бугарија. Презентацијата ја спроведе Ивана Цимешиќ – архитектонски консултант во Алуконигштал, претставништво Скопје и можете интегрално да ја преземете на линкот (PPTX формат - 680MB).
На настанот присуствуваа 50тина членови на Комората и други гости.
Фотографии од настанот: