На 16 април 2019 година, во просториите на Комората се одржа презентација на компанијата Белимо - водечки светски бренд од областа на автоматиката во климатизацијата. Белимо како главен и единствен бизнис ги преставува извршните елементи во поле од HVAC автоматиката во инсталациите за греење, ладење, вентилација и климатизација.
Во палетата на продукти на Белимо спаѓаат: електромоторни погони (актуатори), вентили за регулација на хидраулични потрошувачки кругови и сензори за мерење во процесите на климатизација.
На презентацијата, пред присутните седумдесетина електро и машински инженери, од страна на Горан Андреев - регионален преставник на Белимо Австрија, беа изложени детали за генерални воздушни апликации и генерални водени апликации со применет енергетски мониторинг. По завршувањето на презентацијата присутните имаа можност да поставуваат прашања и да дискутираат во врска со производите на Белимо и нивната практична примена.
Настанот заврши со пригоден коктел, организиран од компанијата.
Фотографии од настанот: