На 13 април 2019 година, во Софија, се одржа редовна средба на Инженерската иницијатива за регионална соработка. Како претставници на Комората ОАИ, на средбата присуствуваа Проф. Миле Димитровски и Проф. Петар Цветановски.
Главен акцент на средбата беше запознавање со методологијата за формирање на цени на инженерските услуги изработена од Бугарската комора, за која се оцени дека е одличен чекор кон формирање на цени на услугите. Материјалот е достапен во Комората на увид на заитересираните. Беа дадени и информации за изготвениот тарифник од Македонската комора и состојбите на цените на инженерските услуги во другите држави, со согледувања дека и покрај постоењето на тарифници, ценовници, методологии и нормативи тие не се почитуваат од правните субјекти понудувачи на услугите во ниедна од членките на ИИРС.
Во врска со примената на ЕВРО кодовите секоја членка извести за напредокот во донесувањето и примената, а Проф Цветановски извести за состојбата во Македонија. Постапката за воведување на ЕВРО кодовите, во сите земји, најчесто била со акт на Министерството (наредба, директива или правилник) со преоден период од неколку години и се заклучи дека тоа е добра форма за воведување која треба да ја примени секоја од земјите членки каде што ЕВРО кодовите сеуште не се воведени во употреба.
По предлог на Бугарската делегација, се донесе декларација за натамошно делување на ИИРС која е обновена декларација од основачкото собрание на ИИРС во Пераст.
Во врска со донесување на новите закони за градење во Србија и Црна Гора со кои се намалуваат или се укинуваат ингренциите на Коморите во однос на овластувањата како и и тенденцијата во двете држави Коморите да станат задуженија на граѓани без пренесени јавни овластувања од Министерствата, заземен е став и испратнео е писмо со ставови на ИИРС, дека улогата на коморите е значајна, дека треба да се сочува нивната самостојност и дека Коморите треба да бидат места на самостојно делување на инженерската струка независно од државната администрација и дека земјите кандидати за влез во ЕУ кон ова прашање треба да го следат примерот на членките на ЕУ за зголемување на самостојноста и независноста на инженерските комори.
На седницата, од местото кординатор на ИИРС отстапи д-р Мирко Орешковиќ, кој ја водеше иницијативата од нејзиното формирање. ИИРС му се заблагодари на досегашната успешна работа, и за координатор на ИИРС за наредните три години (периодот 2019 до 2022) едногласно беше избран Проф д-р Миле Димитровски.
Фотографии од собирот