На 14 мај 2019 година, во просториите на Комората беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери и ЕВН Електродистрибуција Скопје.
Општа цел на овој меморандум е преку взаемна соработка, да се овозможи навремена и ефикасна подготовка на активности од взаемен интерес.
Како посебна цел е издвоено дека преку семинари и предавања, на членови на Комората ќе им бидат пренесени искуства и знаења од страна на вработените во ЕВН дистрибуција.
Иста така, земајќи ја предвид структурата на Комората, ќе бидат формирани стручни тимови за решавање на одредени градежни или урбанистички дилеми на градежно-инвестициските проекти на ЕВН дистрибуција.
Фотографии од настанот: