Во четвртокот, на 16 мај 2019 година, во просториите на Комората ОАИ се одржа предавање насловено „БИМ во архитектурата“. Предавањето, спроведено од Џанмарко Ќурчиќ Балдини и Дамир Љутиќ од Загреб, претставуваше можност за присутните членови на Комората да се запознаат со новините, приликите и успешните примери од проектирање преку БИМ процес/технологија.
Предавањето беше поделено на три теми, и тоа: начин на работа на БИМ процес/технологија, за фаза архитектура, преглед на технолошките промени во архитектурата, со посебен осврт на софтверските решенија и предизвици и бенефиции од имплементацијата на БИМ.
Прдавачите, исто така, го пренесоа своето искуство и ги посочија предизвиците со кои се справуваат инженерите архитекти во Хрватска со оваа проблематика.
На настанот присуствуваа шеесетина инженери, членови на Комората кои на крајот добија потврди со содветен број на КПУ поени.
Фотографии од настанот: