На 21 мај 2019 година, во просториите на Комората, Проф. Ензо Сивиеро од Италија одржа предавање насловено „Колапсот на мостот Polcevera Morandi во Џенова во 2018 година“.
Колапсот на мостот Полкувера Моранди / Polcevera Morandi во Џенова, на 14-ти август 2018 година, го oстави светот на инженерството зачуден. Причината за неговото рушење, дури и сега, не е целосно разјаснета.
Проф. Ензо Сивиеро, во своето излагање се осврна на дизајнот на мостот долг 1200 метри, и ги образложи опциите за негова реконструкција, наспроти неговото целосно рушење. Тој направи паралела за тоа какви финансиски, временски и социјални импликации би имала неговата реконструкција наспроти неговото целосно рушење и градење на нов мост. Исто така, кажа дека во моментот на рушење, мостот не бил максимално оптоварен и дека ако бил, бројот на жртви од овој немил настан би бил многу поголем.
Целата презентација можете да ја преземете тука.
На настанот присуствуваа седумдесетина инженери и по завршувањето на предавањето имаа можност за непостредна комуникација со Проф. Сивиеро на пригоден коктел.
Фотографии од настанот:
Истиот ден, на Градежниот факултет во Скопје, се одржа второ предавање на истата тема. На второто предавање, во просторија 111 на Градежниот факултет присуствуваа стотина инженери и студенти.