На 22 мај 2019 година, во просториите на Комората, Проф. Ензо Сивиеро од Италија одржа предавање насловено „Дизајн и хармонија на мостови“.
Предавањето беше логичен след на предавањето од претходниот ден за колапсот на мостот во Џенова.
Главните поенти на предавањето на Проф. Сивиеро беа дека за да се дизајнира и изгради мост значи да се измени постојниот пејзаж, кој се карактеризира со своја историја и консолидирана слика богата со вредности, нудејќи нови можности кои не се само функционални, туку и перцептивни и релациони. Во овие услови, мостот треба да се види во неговото хармонично позиционирање на територијата, по својата природа на објектот, преку збирот на деталите за конструкцијата. Тој, во презентацијата покажа низа на мостови во чие осмислување, проектирање и изведба бил непосредно вклучен.
Целата презентација можете да ја преземете тука.
На настанот присуствуваа шеесетина инженери и по завршувањето на предавањето имаа можност за непостредна комуникација со Проф. Сивиеро на пригоден коктел.
Фотографии од настанот: