По повод 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 20.06.2019 година се одржа свечена седница на Наставно-научниот совет.
На оваа свеченост присуствуваа членови на Советот, министерот за образование и наука, д-р Арбр Адеми, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски и претставници на организации и компании со кои соработува Факултетот.
Факултетот, во оваа пригода, додели плакети на институции, компании, професионални и студентски организации за досегашната успешна меѓусебна соработка и придонес во развојот на електротехниката и информациските технологии.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери е добитник на плакета-признание, за успешна долгогодишна соработка со ФЕИТ.