Во периодот од 5-7 Септември, 2019 година, во хотелот Александар Палас, Скопје, се одржа 16- та Меѓународна Конференција WMHE 2019 (16th International Conference on Water Management and Hydraulic Engineering). Оваа Конференција има богата традиција и оваа година е организирана од страна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Градежниот факултет од Скопје.
Конференцијата се организира на секои две години од страна на конзорциум на 6 (шест) Универзитети, каде покрај Универзтетот Св. Кирил и Методиј од Македонија, членуваат: Slovak University of Technology, Faculty of Civil Engineering, Bratislava, Slovakia, Brno University of Technology, Faculty of Civil Engineering, Czech Republic, Gdańsk University of Technology, Faculty of Civil and Environmental Engineering, Poland, University of Zagreb, Faculty of Civil Engineering, Zagreb, Croatia и BOKU University of Natural Resources and Life Sciences, Vienna, Austria.
На Конференцијата се презентирани пет повикани предавања и над 65 трудови во орални или постер сесии. Зборникот на трудови е составен од над 70 трудови од областа на управување со водите и хидротехничкото инженерство.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) го помогна овој настан, а на неговото отварање, поздравен говор одржа Претседателот на КОАИ, проф. д-р Миле Димитровски.