На 10 септември 2019 година, во Хотел Белви во Скопје се одржа состанок на кој се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и Институтот Конфуциј, Универзитет Свети Кирил и Методиј во Скопје.
На состанокот, во улога на потписници присуствуваа ректорот на УКИМ - Проф. д-р Никола Јанкуловски, директорите на Институтот Конфуциј при УКИМ - Prof. d-r Liao Wei и Проф. д-р Влатко Стоилков, Претседателот на на овластени архитекти и овластени инженери - Проф. д-р Миле Димитровски и претставници од Управниот одбор на Комората. На состанокот, покрај потписниците, како претставници на МАНУ беа присутни Академик Таки Фити и Академик Владо Матевски, кои со своето присуство му дадоа дополнителен значај на овој собир и меѓу другото беше дискутирана можноста за трилатерална соработка помеѓу трите институции (Меморандум за соработка потпишан со МАНУ).
Со потпишувањето на овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредувањето на едукативните, културните, научно-истражувачките и апликативните активности од областа на инженерството.
Копии од потпишаниот меморандум на македонски јазик и на англиски јазик.
Фотографии од настанот: